Португалецот Нуно Еспирито Санто е нов тренер на Нотингем Горест објави денес премиерлигапот.
49-годишниот стратег на клупата на Нотингем го наследува Стив Купер кој доби отказ поради лошите резултати.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Нотингем во овој момент се наоѓа на 17-тата позиција во Премиер лигата со само 14 освоени бодови.
Договорот кој го потпиша Санто е со важност до јуни 2026 година, а денеска тој ќе го води првиот тренинг со новиот тим. Дебито на клупата ќе го има против Бормут во рамките од 18-тото кол ово Премиер лигата.
Во кариерата претходно тој ги водеше Тотенхем, Вулверхемптон, Порто, Валенсија и Рио Аве, а последен клуб му беше Ал Итихад од каде што замина по несогласувањата со Карим Бензема.
Welcome to Nottingham Forest, Nuno Espírito Santo 🤝
— Nottingham Forest (@NFFC) December 20, 2023