Дома Фудбал Останато Го заслужи ли ова? – Даде се за Реал, а клубот брзо го заборави…

Го заслужи ли ова? – Даде се за Реал, а клубот брзо го заборави…

arbeloa

Фудбалерите во модерниот фудбал брзо се забораваат, навивачите своите клупски легенди понекогаш ги фрлаат во заборав без посебно простување, без убави зборови за крај, без натпревари пред полни трибини…

Таков беше и случајот на Алваро Арбелоа. Тој беше од оние фудбалер кои не сакаат да се наметнуваат, „војник“ на „кралевите“ кој своите задачи на теренот ги извршуваше онака како што тренерите бараа од него. Без филозофија, без големи грешки и без скандали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со својот клуб освои се што можеше да се освои и тоа повеќе пати. Играше одлични, никогаш Реал поради неговите потези не освојуваше титули, но и не ги губеше. Беше вистинска сила на клубот кој во негово време повеќе купуваше отколку што произведуваше. Беше и првотимец, често играше покрај десната аут линија, сигурен и добар.

А потоа како што тоа и често се случува, после неколку одлични сезони, влезе во сериозни години и клубот го пушти да замине. Повторно се проба во Премиер лигата каде што со многу успех го носеше дресот на Ливерпул. Потпиша за Вест Хем, но неговите најдобри настапи веќе беа зад него.

Се прости на крајот на минатата сезона и една голема кариера потона целосно во заборав. Денес времето во главно го поминува со семејството, фудбалски заборавен. Кој знае можеби Реал за него подготвува место кое сигурно го заслужи и ќе му даде шанса да се врати онаму каде што ги помина најдобрите денови во кариерта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…