Дома Топ вести Го живееше најубавиот фудбалски сон, а потоа се пропадна: Арда Ѓулер го доби најлошиот можен повик од клубот

Го живееше најубавиот фудбалски сон, а потоа се пропадна: Арда Ѓулер го доби најлошиот можен повик од клубот

Младиот турски фудбалер Арда Ѓулер летово од Фенербахче пристигна во Реал Мадрид за преку 30 милиони евра и покажа за каков талент се работи, но потоа во најлош момент се повреди.

Ѓулер веќе се врати од Америка, а веста која ја доби од клубот му ги сруши соништата.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Ѓулер важи за еден од најталентираните играчи во Европа, а иако беше на чекор од потпис за Барселона, на крајот се реши за Реал Мадрид кој му понуди значително повеќе пари на турскиот репрезентативец.

Веќе на првите тренинзи можеше да се види за каков талент се работи, а Реал не го криеше задоволството што успеа да го доведе Ѓулер.

Дури се очекуваше Ѓулер да биде во преден план на Карло Анчелоти веќе на стартот од сезоната, но на крајот се се сруши како кула од карти.

Ѓулер заработи незгодна повреда на коленото поради која мораше да ги напушти подготовките на Реал во Америка и да се врати во Мадрид за да направи дополнителни прегледи, а првите вести не се многу оптимистички.

Потврдено е дека Ѓулер се здобил со повреда на менискусот и лекарите го советувале што поскоро да се оперира на десното колено, но на турскиот репрезентативец од клубот искрено му било кажано што ќе се случи доколку ја прифати.

Имено, во случај на операција, Ѓулер ќе биде надвор од терените најмалку пет месеци, што значи дека сезоната за него е веќе уништена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…