Познатиот стратег Стив Кер кој со голем успех го води тимот на Голден Стејт доби нов договор со кој ќе стане најплатениот во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Кер и Вориорси се договориле за соработка на две гоидини и договор вреден 35 милиони долари или 17.5 милони долари по сезона. Со ваквата плата Кер ќе биде најплатен помеѓу тренерите во НБА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грег Попович добива повеќе меѓутоа тој паралелно извршува две функции, тренер и претседател. Предводникот на Мајами, Ерик Споелстра кој неодамна потпиша осумгодишен договор добива 15 милиони евра по сезона.
Овој богат договор на Кер е со важност до 2026 година, до кога што договор има и најдобриот шутер на денешницата, Стеф Кари.