Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид после цели 16 години, па неколку европски гиганти водеа битка за неговиот потпис.
Според последните информации од Шпанија, Рамос веќе постигнал договор со ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Париз.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
ПСЖ е единствениот клуб кој ги задоволил финансиските барања на дефанзицот.
Рамос во Париз ќе заработува 15 милиони евра по сезона и ќе потпише договор на две години плус можност за продолжување на уште една година. Притоа, Шпанецот ќе добие 20 милиони евра провизија при самиот потпис на договорот.
Официјализацијата на трансферот се очекува во наредните денови, а Рамос веќе им открил на своите блиски пријатели дека се сели во Париз.