Дома Топ вести Готово: Рудигер го избра Реал Мадрид

Готово: Рудигер го избра Реал Мадрид

Антонио Ридигер ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а сега е познато дека Германецот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Реал Мадрид од наредната сезона ќе добие фантастично засилување во одбраната, откако ги договори сите детали со Рудигер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Рудигер ќе пристигне во Мадрид бесплатно откако договорот со тимот од Лондон му истекува на крајот од оваа сезона, а поради санкциите од британската влада, клубот не може да си дозволи да му го продолжии договорот.

Фабрицио Романо утрово потврди дека Реал Мадрид се договорил со Рудигер, и дека сега е речиси сигурно дека овој дефанзивец кариерата ќе ја продолжи во дресот на „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот во Мадрид ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…