Гигантот од „Олд Трафорд“ веќе ги договорил личните услови со бразилскиот офанзивец фудбалер, Андерсон Талиска, пренесуваат англиските медиуми.
Талиска после две години поминати во Бешикташ се враќа во Бенфика, но јасно е дека нема долго да остане таму, бидејќи за него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За 24-годишниот Бразилец интерес покажаа Ливерпул и Рома, но Манчестер Јунајтед ја победи конкуренцјата и веќе постигна договор со агентите на фудбалерот.
Талиска оваа сезона за Бешикташ одигра 47 натпревари на кои постигна 20 гола и запиша 7 асистенции.
Сега останува уште Бенфика и Манчестер да се договорат околу отштетата, но медиумите се оптисти дека трансферот ќе се реализира наскоро.
Manchester United have secured a preliminary agreement with 24-year-old Talisca, who has been on loan at Beşiktaş from Benfica. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/VeXP6WPIFP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 21, 2018