Англискиот шампион, Челси е многу блиску до доведување на напаѓачот од мадридски Реал, Алваро Мората.
Мајсторот за трансфери, италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марсио, објави денес дека два клуба се останати во игра за потписот на 24-годишниот напаѓач, но дека тој веќе го одбрал Челси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот тим кој го посакуваше Мората е Милан. Сепак, „Плавите“ како што се наведува е на чекор од договор со Реал околу трансферот на фантастичниот напаѓач кој не е прв избор во кралскиот клуб.
Таквата ситуација никако не го задоволува Мората. Најави дека заминува, а Реал доби понуда која не се одбива. Челси како што се наведува е подготвен да издвои дури 85 милиони евра за Мората, „Кралевите“ се подготвени за продажба и фантастичниот напаѓач е на чекор од „Стемфорд Бриџ“.
Мората во англискиот првак ќе го замени Диего Коста, кој го најави своето заминување. Покрај Реал, Мората две сезони го носеше дресот на Јувентус со кој освои две титули во италијанското првенство.
#Morata is close to @ChelseaFC now. @SkySport @SkySportsNews @realmadrid
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 19, 2017