Дома Трансфер зона Готово: Маркизио си најде нов клуб

Готово: Маркизио си најде нов клуб

Клаудио Маркизио после 25 години поминати во Јувентус спогодбено го раскина договорот со „старата дама“ и во моментов е слободен агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека неколку клубови ширум светот веќе го контактирале Маркизио и тврдат дека Италијанецот веќе го избрал новиот клуб.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имено, „Малиот принц“ ќе се пресели во „кнежевството“ и се очекува во наредните денови да потпише договор со Монако.

Макизио имал понуди од МЛС и Кина, но го избрал Монако и утрово отпатувал во Монте Карло да ги договори последните детали.

Се очекува после рутинските лекарски прегледи да стави потпис на двегодишен договор со францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…