Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл на лето сигурно заминува од „Сантиаго Бернабеу“, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Бејл не ја искористи шансата оваа сезона да го замени Кристиано Роналдо, па „кралевите“ веќе го загубија трпението со Велшанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на Реал Мадрид веќе го известило Герет Бејл дека планира да го продаде ова лето, притоа изразиле благодарност за неговото однесување од пристигнувањето во 2013 година.
Има неколку заинтересирани клубови за Велшанецот, но проблемот е што се уште нема официјални понуди за него. Најголем проблем секако е неговата плата која изнесува 17 милиони евра по сезона.
Меѓутоа, тоа нема да го спречи Реал во својата немера да се раздели со Бејл и според последните информации „кралевите“ се спремни да го пуштат на позајмица.
Најсилен интерес за Велшанецот покажува Манчестер Јунајтед, а „Марка“ денес пренесува дека „црвените ѓаволи“ се спремни да го донесат на едногодишна позајмица.
Двата клуба се блиску до договор според кој Манчестер Јунајтед ќе му плати 5 милиони фунти на Реал за позајмицата на Бејл.
Со тоа Реал ќе ја продолжи праксата да ги испраќа на позајмица играчите кои се „вишок“ во тимот. Исто се случи и со Хамес Родригез пред две години кој беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.
Gareth Bale could join Manchester United in a loan deal for as little as £5m this summer. (Source: MARCA) pic.twitter.com/DcRSDMyyB1
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 23, 2019