Интер и Тотенхем конечно постигнаа договор за трансфер на Кристиан Ериксен, пренесуваат сите еминентни медиуми на Апенините.
Ериксен и Интер од поодамна имаа постигнато договор, па двата клуба водеа преговори за обештетувањето. Тотенхем инсистираше да добие 20 милиони евра и „нероаѕурите“ на крајот ги задоволија барањата на „спарси“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последната понуда од 15 милиони евра во кеш плус 5 милиони во име на бонуси беше прифатена, па Ериксен утре се очекува да пристигне во Милано.
За време на викендот Данецот треба да ги помине рутинските лекарски прегледи, а потоа ќе стави постпис на 4,5 годишен договор со кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Tottenham have accepted Inter's offer of €15m plus €5m in bonuses for Christian Eriksen. The player could catch a plane to Milan in the next few hours. (Source: FCInterNews) pic.twitter.com/FDq9XKqQDe
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 23, 2020