Од Тоскана пристигнуваат информации дека Интер добива засилување во средниот ред.
Репрезентативецот на Уругвај, Матијас Весино веќе е на пат за Милано. Лекарските прегледи се веќе закажани, потоа следи потпишување на договор на четири години, според кој ќе заработува три милиони евра годишно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер ја активираше откупната клазула од неговиот договор во износ од 24 милиони евра, па „виолетовите“ немаат што направат.
Весионо, Фиорентина го доведе за 2.5 милиони евра од Национал пред четири години, а своето деби во Серија А го имаше токму против Интер.
Вториот дел од својата дебитантска сезона на Апенините го помина на позајмица во Каљари, а следната сезона настапуваше за Емполи исто така како позајмен фудбалер. Претходните две сезони беше стандарден првотимец на Фиорентина.
Минатата година дебитираше за репрезентацијата на Уругвај во натпреварот против Бразил, до сега запиша 13 настапи и постигна еден погодок.