Продоложува соборувањето на рекорди кога се во прашање трансферите. Нов рекордер е супеталентираниот Италијанец од редовите на Џенова кој беше блиску до преселба во Јувентус.
Суперталентираниот тинејџер од редовите на Џенова, Пјетро Пелегри (16) е нов фудбалер на Монако. Ова момче најдоцна до утре пристигнува на лекарски прегледи откако Џенова ја прифати понудата од Кнежеството вредна 25 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус долго време беше во игра, го следеше Пелегри откако зачекори на големата сцена, но кога требаше да се биде конкретен и да се понуди повеќе пари „старата дама“ остана цврста на ставот да не понуди повеќе од 20 милиони евра, па поради тоа остана без талентираниот напаѓач.
Ваквата ситуација ја искористи Монако кој го повика агентот на фудбалерот, Џузепе Риза. Пелегри како што кажавме најдоцна до утре пристигнува на лекарски прегледи и потпишување на договор според кој ќе заработува еден милион евра по сезона, со можност заработка секоја година да расте во зависност од неговите настапи.
Исто така Џенова ќе добие 10% од следната продажба на Пелегри под услов фудбалерот да направи трансфер за најмалку 40 милиони евра.
За сега најважно е да се истакне дека Пјетро Пелегри официјално стана најскапиот тинејџер во историјата.