Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, потврдија шпанските медиуми.
Договорот на Асенсио истекува на крајот на сезоната, па иако најавите беа дека ќе стави потпис на нов договор, сепак се реши да ја промени средината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанецот и Реал ги прекинаа преговорите и Асенсио донесе конечна одлука да замине од „кралскиот“ клуб како слободен агент.
Асенсио цели седум години е член на Реал Мадрид и со клубот освои бројни трофеи и изгради легендарен статус.
Интерес за 27-годишниот Шпанец има од многу европски клубови, пред се од Премиер лигата.
🚨💣 BREAKING: Marco Asensio will LEAVE Real Madrid. @relevo pic.twitter.com/180vKZXdoj
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 26, 2023