Карло Анчелоти постигнал договор со управата на Евертон, пренесуваат италијанските и англиските медиуми.
Италијанецот минатата недела го напушти Наполи, а синоќа беше објавено дека Анчелоти пристигнал во Англија на завршни преговори со „карамелите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Скај Спорт“ објави дека 60 годишниот стратег постигнал договор и дека се чека само официјализација. Во текот на денот или најдоцна утре Анчелоти ќе го раскине договорот со Наполи, а потоа ќе биде и официјално промовиран во нов тренер на Евертон.
Анчелоти ќе потпише 4 и пол годишен договор со Евертон, а ќе дебитира на клупата на 26-ти декември против Барнли.
Ова за Анчелоти ќе биде враќање во Премиер лигата со оглед на тоа дека работеше во Челзи од 2009 до 2011 година.
Meeting in London to discuss final details. Everton-Ancelotti is closer. A four-and-a-half year contract. First match Everton-Burnley on 26th Dec. Between today and tomorrow in Naples to end contract with Napoli. @SkyFootball
— Alessandro Alciato (@AAlciato) December 17, 2019