Дома Фудбал Господски потег на Гвардиола: Утре пристигнува во Барселона!

Господски потег на Гвардиола: Утре пристигнува во Барселона!

Aргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро утре и официјално ќе објави крај на кариерата.

Агуеро кон крајот на октомври во натпреварот против Алавес имаше проблеми со дишењето и побара да б иде заменет затоа што не можеше да го продолжи натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веднаш Агуеро беше пренесен во болница каде што му беа направени детални прегледи, а на крајот беше утврдено дека Аргентинецот има срцеви проблеми.

Првобитно беше објавено дека надвор од терените ќе биде три месеци и дека докторите ја следат работата на неговото срце, но сега е јасно дека Агуеро го „одигра“ своето во професионалниот фудбал. Барселона денес потврди дека прес-конференцијатаќ е се одржи утре во 12:00 часот.

Каталонскиот „Спорт“ објави денес дека на утрешната прес-конференција ќе присуствува и Пеп Гвардиола кој утре ќе допатува во Барселона за да присуствува на прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготвува трансфер со кој ќе ја „стресе“ Европа

Реал Мадрид наскоро би можел да добие големо засилување во средниот ред. Кралскиот клуб сл…