Легендарниот напаѓач Дидиер Дрогба призна дека расизмот и понатаму е голем проблем во светот на фудбалот, а тоа го почуствувал и тој самиот додека играл фудбал.
Дрогба своите најдобри денови во кариерата ги помина во дресот на Челзи со кој освои скоро се што можеше да се освои, а неговите легендарни голови и понатаму ќе ги паметат навивачите на лондонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, овој пат Дрогба не зборуваше за својата богата кариера туку за проблемот кој веќе долго време е актуелен на фудбалските терени.
Расизмот е и денес застапен на трибините. Меѓутоа приказната на Дрогба е навистина емотивна и потресе многумина бидејќи Дрогба бил навреден од мало дете кое се појавило на тренингот на неговиот тим.
„Имавме отворен тренинг за навивачите. Едно мало момче ми крена рака и јас мислев дека сака автограм. Кога се доближив до него ме нарече црнчуга. Неговиот татко се налути на него и му кажа дека повеќе никогаш не смее да го повтори тој збор“.
„Јас клекнав пред него ја фатив неговата рака и му го подигнав прстот и му објаснив дека имам срце како и тој, дека имам две раце како и тој, две очи…Му кажав дека помеѓу белите и црните луѓе нема никаква разлика освен во бојата на кожата“.
„Двајцата сме луѓе и заслужуваме иста почит. Момчето се сврте и се врати кај неговиот татко со очи полни со солзи. Му го дадов мојот дрес во знак на почит кон неговата раса и мислам дека тоа момче тој ден научи голема лекција во својот живот“, изјави Дрогба.