Денес нашата репрезентација ќе го игра првиот контролен натпревар во Белград, против репрезентацијата на Саудиска Арабија. Селекторот не очекува многу од овие два натпревари, но најважно за него е да види како е досега сработено и како ќе функционираат ракометарите.

„Не очекувам многу од двата пријателски натпревари. Добро работевме, сега треба да видиме како тоа ќе изгледа на терен“ – изјави Гонзалес.

Селекторот нема да ризикува. Иако повредата на Прибак не е сериозна, сепак ќе биде поштеден за овие две контролни натпревари, бидејќи ќе му биде потребен во Хрватска.

„Имаме мали проблеми со Прибак и нема да ризикувам, ќе одмора деновиве, нема да сметам на него за пријателските. Најважно ми е да е подготвен за ЕП, кога и ќе биде најпотребен” – заврши Гонзалес.

Натпреварот против Саудиска Арабија започнува од 18:00 часот, а утре во истото време ќе играме против репрезентацијата на Србија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …