Голманот на Удинезе, Хуан Мусо го коментираше шпекулациите за негов евентуален трансфер во Интер.
Интер е задоволен од Хандановиќ, но со оглед на неговата возраст веќе почна да бара наследник, а првата желба е токму Хуан Мусо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мусо е поранешен соиграч со Лаутаро Мартинез во Расинг, па би сакал повторно да играат заедно во Интер.
„Би сакал повторно да играм заедно со Лаутаро, тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот Убаво е да се слушнат гласините кои ме поврзуваат со Интер. Кога толку голем клуб се интересира за мене тоа е мотив повеќе, но сега сум 100% фикусиран на Удинезе. Кога ќе се отвори трансфер пазарот ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мусо.
Udinese Goalkeeper Musso: “It’s Nice To Be Linked With Inter, I Won’t Rule Anything Out” https://t.co/pt7UnBSeur #FCIM #ForzaInter #InterFans pic.twitter.com/jaWli66i1G
— SempreInter.com (@SempreIntercom) March 30, 2020