Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Голманот на Србија: Јас сум подобро подготвен од Тадиќ!

Голманот на Србија: Јас сум подобро подготвен од Тадиќ!

Репрезентацијата на Србија во овој период е во центарот на вниманието поради случувањата по натпреварот против Англија.

Капитенот Душан Тадиќ создаде тензија изразувајќи незадоволство затоа што Пикси го остави на клупата против Англичаните. Селекторот му возврати дека неговата изјава не е во ред.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Сега на оваа тема се огласи голманот Предраг Рајковиќ.

„Јас сум подобро подготвен од Душан Тадиќ“, прокоментира Рајковиќ низ насмевка, па се обиде да ја смири тензијата.

„Атмосферата е супер. Можеби во неделата главите беа жешки па се кажа тоа што се кажа. Сепак тоа е минато, целиот фокус е на Словениј. Но, слободно можете да напишете дека физички сум подобро подготвен од Тадиќ!“, изјави голманот.

По поразот од Англија, Србија ја очекуваат натпревари против Словенија и Данска во кои ќе се обиде да дојде до место во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Жегрова ќе го сонува промашувањето во продолженијата: Херојската победа на Јувентус не беше доволна за осминафинале! (Видео)

Фудбалскиот тим на Јувентус вечерва успеа на кратко да се врати во живот во Плеј-офот на Л…