Голманот кој блескаше на Светското првенство, Доминик Ливаковиќ донел одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.
Договорот на Ливаковиќ со Динамо му истекува на крајот на следната сезона и во неговиот договор постои клазула според која може да замине за 10 милиони евра. Турските медиуми пренесуваат дека Фенербахче направил голем чекор во доведувањето на хрватскиот голман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата понуда на турскиот гигант изнесувала пет милиони евра, но истата веднаш била одбиена. Преговорите продолжиле и Динамо веројатно ќе добие десет милиони евра со вклучени бонуси.
Агентот на Ливаковиќ пристигнал на преговори во Истанбул и зделката е на чекор од договор. Ливаковиќ имаше голема желба да продолжи во клуб од топ пет првенства, меѓутоа сега е пред преселба во Турција.