Дома Фудбал Голем хендикеп за Валенсија: Заза мора на операција!

Голем хендикеп за Валенсија: Заза мора на операција!

zaza

Можеби и најдобриот фудбалер на фантастичната Валенсија оваа сезона има проблеми со менискусот.

Напаѓачот на Валенсија кој просто „експлодираше“ оваа сезона ќе мора да оди на операција на коленото, потврдено беше денес од клубот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Италијанецот оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Примера и постигна девет погодоци на 10 натпревари, но се повреди во тек на репрезентативните обврски.

Заза има проблеми со коленото и ќе мора да оди на операција.

„Понекогаш тој менискус го блокира и тој не може да игра. За сега е во ред, но ќе мора да оди на операција. Тој не може да се излекува со одмор“, изјави Марселињо, тренерот на Валенсија.

Иначе тој беше резерва во натпреварот против Еспањол каде што Валенсија славеше со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројките најавуваат: Го имаме главниот фаворит за „Златната топка“!

Капитенот и универзалацот на Барса Рафиња одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на …