Манчестер Сити направи голем гаф откако го претставија Рубен Дијаз кој дојде во Сити од Бенфика за 68 милиони евра.
„Граѓаните“ долго време беа во потрага по квалитетен стопер, многу се поврзуваа со Кулибали од Наполи, сепак на крајот на „Етихад“ пристигна Дијаз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во објавата во која го потврдуваат трансферот на Рубен Дијаз подолу направија огромен гаф. Место името на Дијаз во една реченица стоеше Калид Кулибали.
„Граѓани, ново засилување – добијте потпишан дрес од Калид Кулибали“, стоеше во објавата на сајтот на Сити, набрзо таа грешка беше корегирана, но остана доволно долго да биде забележана.
И тоа не беше единствена грешка името на Кулибали стоеше и во делот каде што навивачите можат да постават прашање за новото засилување.
Ова само потврдува дека Кулибали навистина бил блиску до Манчестер Сити.