Фудбалерите на Јувентус утре на домашен терен играат против Тотенхем во првиот меч од осминафиналната фазаа во ЛШ.
Масимилијано Алегри има големи проблеми со повредените играчи, а иако почна да тренира со екипата во конкуренција за ова натпреварување нема да биде ниту Дибала. Аргентинецот е надвор од теренот веќе некое време поради проблеми со повредите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај него на листата играчи кои ќе го пропуштат утрешниот меч се Хуан Квуадрадо, Андреа Барзагли, Матуиди, Ховедес. Исто така, на спиосокот на Алегри го нема ниту Лихштајнер иако е пријавен во ЛШ во нокаут фазата.