Многумина го сметаат за фудбалер кој може да ја наруши атмосферата во тимот и да создаде проблеми, но за неговиот соиграч од Ница не е така.
Напаѓачот на Ница и соиграч на Марио Балотели, Алесан Плеа истакна дека тој лично има огромен респект кон Балотели и дека за него би платил и 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Балотели не доби повик на последните пријателски натпревари кои Италија ги играше против Англија и Аргентина, а Плеа смета дека Италијанците прават грешка со тоа што го изоставаат од тимот.
„Тој е навистина одличен напаѓач. Да се тренира со него е супер, секогаш ме учи на нешто ново. Марио разговара со мене и поради тоа сум му голем должник, јас би платил и 100 милиони евра за него. Постигнува многу голови, барем 20 во сезона. Имајќи ги предвид останатите цени на играчите, сигурно дека вреди 100 милиони евра“, изјави Плеа.
Да потсетиме, Плеа исто така има одлична сезона веќе постигна 17 погодоци на 43 натпревари и доколку продолжи во ваков ритам сигурно дека за него ќе владее голем интерес.