Џампијеро Вентура доби отказ од селекторската позиција во италијанската репрезентација, откако селекцијата не успеа да обезбеди пласман на СП во Русија.
Името на неговиот наследник би требало наскоро да биде познато, а за тоа место ќе се борат четири легенди на италијанскиот фудбал кои важат за најдобри стратези на светот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кандидатите за празното место се Антонио Конте, Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини, но челниците на фудбалскиот сојуз тешко им одат преговорите со кандидатите.
„Тоа се имињата со кои ќе разговараме. Никој не е во предност. Манчини е во Рим, но не сме зборувале се уште, Конте би сакал повторно да ја води репрезентацијата, Анчелоти е неодлучен, а и Раниери е тука. Ќе разговараме со кандидатите“, истакна комесарот на ФС Италија, Роберто Фабричини.
Ќе биде секако многу интересно да се види кој ќе ја добие битката за нов селектор, но сигурно е дека пред Италија е тешка задача.