Дома Фудбал Англија Големиот Ферги се поклони пред борците во првите редови: Сега сите препознаа колку овие луѓе се важни!

Големиот Ферги се поклони пред борците во првите редови: Сега сите препознаа колку овие луѓе се важни!

Maнчестер Јунајтед во овие тешки времиња ја покажува својата големина како клуб. „Црвените ѓаволи“ испратија волонтери низ болниците за да помагаат во борбата со коронавирусот.

Добар дел од вработените во клубот волонтираат во Манчестер и помагаат на луѓето кои се во првите редови во борбата против ова зло кое го зафати светот. Признание за работата на докторите сега стигна од големиот Сер Алекс Фергусон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фергусон истакна дека е среќен што сега сите го сфатиле она што тој го искусил пред две години кога докторите му го спасија животот.

„Навистина сум среќен што сега скоро сите препознаа колку се важни луѓето кои работат во болниците. Јас тоа го искусив пред две години, тогаш тие ми го спасија животот. Нашата земја одговори одлично на оваа пандемијата и тоа што голем број Британци се спремни да помогнат и да дадат се од себе ме прави горд“, порача големиот Сер Алекс Фергусон за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…