Дома Фудбал Останато Големиот гест на Меси: Изгубивме 8:0, а тогаш се појави тој со полна вреќа дресови

Големиот гест на Меси: Изгубивме 8:0, а тогаш се појави тој со полна вреќа дресови

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Фабијан Варгас раскажа анегдота која се случила пред девет години после натпреварот од првенството помеѓу Алемрија и Барселона.

Меси, Иниеста и друштвот потигнаа осум гола и Варгас заборавил на гестот кој го побарал пред почетокот на натпреварот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Имено, тој побарал потпишани дресови од Меси и ѕвездите на Барселона за да ги испрати на аукција на која се собирало пари после големите поплави во таа земја.

„Се припремав за аукцијата, за среќа игравме против Барселона и тоа го искористив за да го прашам Лео и останатите за дресови“, започна Варгас.

„Разговаравме пред почетокот на натпреварот и ми кажа дека нема проблем, но ние изгубивме со 8:0 и јас бев бесен и побрзав во соблекувалната. Кога веќе стигнав таму ме побара еден човек од нашиот клуб и ми кажа дека ме бара Меси и дека ќе ме чека пред соблекувалната“, откри Варгас.
Меси се појавил со вреќа потпишани дресови.

„Ова е со што успеав да соберам. Имаше вреќа во која беа повеќе потпишани дресови вклучувајќи ги и оние на Чави, Иниеста, Алвес, Пике, Пујол…Никогаш нема да му го заборавам тој гест. Затоа секогаш навивам за него и сакам да ги сруши сите рекорди“, порача поранешниот колумбиски фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул добил неочекуван одговор за Исак, сега има друга желба – ќе му се одмазди на Њукасл!

Откако Њукасл го информираше Ливерпул дека напаѓачот Александер Исак не е достапен за прод…