Каталонските медиуми во утрешното издание најавуваат враќање на Нејмар, изгледа дека поголем дел од работата е готов и дека Бразилецот по две години ќе се врати во Барса.
Кутињо се согласил да се пресели во ПСЖ, а и Иван Ракитиќ ќе си оди во Париз за да слушне понуда и да одлучи да биде дел од трампата. Барса не крие, се е спремно за враќање на Бразилецот, сумата наводно е 70 милиони евра, плус два играчи, Кутињо и Ракитиќ. Со тоа, Леонардо би ја решил средината на теренот, сега сака стопер, Де Лихт е сега далеку, но Бразилецот го сака Кулибали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да го напоменеме и тоа, трансферот на Нејмар нема да влијае на Гризман, „Спорт“ тврди дека следната недела, Барса ќе ја активира клаузулата и ќе го доведе Французинот, а квартетот, Меси, Нејмар, Суарез и Гризман, делува неверојатно. Од клубот би можел да си оди Дембеле, Баерн е заинтересиран, но Барселона сака да ги врати големите вложувања во Французинот, тешко е да се очекува дека Баварците ќе платат троцифрена сума за играчот.