Репрезентацијата на Македонија до 19 години денес со победа против силната Англија се прости од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонија во претходните два натпревари запиша порази од селекциите на Унгарија и Латвија, па во натпреварот против Англија влезе без резултатски императив, но и покрај тоа стигнаа до победа од 2:0.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонија до водство стигна со голот на Јани Атанасов кој со супер атрактивен погодок со ножички успеа да погоди за предност. Резултатот не се менуваше се до последните минути кога победата беше потврдена со погодокот на Митровски.
Пред голот на Митровски, Англија создаваше притисок, но надежите на „Гордиот Албион“ не ги искористи своите шанси.
И покрај оваа победа Македонија квалфикациите ги завршува на последната позиција во групата со ист број на бодови со Унгарија, додека Англија како првопласирана обезбеди пласман на Европското првенство.