Даглас Луиз најверојатно во наредните денови ќе биде потврден како нов фудбалер на Јувентс.
Бразилецот веќе ги договори личните услови со Јувентус и преостанува само да се постигне договор помеѓу Јувентус и Астон Вила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луиз договорил четиригодишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра годишно.
Вила не би требало да прави проблеми и се очекува во премиерлигашот да се преселат Вестон Мекени и Илинг Жуниор, а Јувентус ќе плати и 18 милиони евра.
Медиумите пренесуваат дека последна пречка е личниот договор на двајцата фудбалери со Астон Вила.
Инаку, Даглас Луиз претходно многу се поврзуваше со Арсенал и беше голема желба на Микел Артета.