Дома Фудбал Англија Голеада на „Гудисон“: Тотенхем го победи Евертон во натпревар со осум погодоци (ВИДЕО)

Голеада на „Гудисон“: Тотенхем го победи Евертон во натпревар со осум погодоци (ВИДЕО)

Евертон и Тотенхем денес во рамките од 18-тото коло во Премиер лигата одиграа натпревар каков што ретко се гледа.

Тотенхем како гостин го совлада Евертон со неверојатни 6:2 и на овој клуб му го нанесе еден од најтешките порази на домашен терен во историјата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно е што Евертон прв дојде до предност. Се играше 21-та минута кога Волкот погоди за водство на домаќините од 1:0, но шест минути подоцна следуваше детал кој го промени текот на натпреварот.

Неверојатна конфузија во одбраната на Евертон во кој се судрија Пикфoрд и Зума ја искористи Сон кој погоди за иедначување. Уште „карамелите“ не беа освестени од шокот, а Спарсите стигнаа до пресврт кога Деле Али погоди за 1:2.

Во финишот од полувреме Хари Кејн постигна гол за 1:3.

Голеадата продолжи во 48-та кога Ериксен стралаше за 1.4, а Сигурдсон три минути подоцна намали на два гола заостанување. Во 61-та минута Сон се запишува одново во листата на стрелци и го постигнува петтиот гол на натпреварот. Во 74-тата минута Кејн исто така со својот втор гол ги постави конечните 2:6.

https://youtu.be/BEikDXdn87c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…