Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт го возврати ударот и изедначи во финалето против Бостон

Голден Стејт го возврати ударот и изедначи во финалето против Бостон

Голден Стејт Вориорси изедначија во финалната серија на 1:1 во плеј-офот во НБА лигата против Бостон откако го добија вториот натпревар по ред на домашен терен со убедливи 107:88.

Во победата клучна беше третата четвртина во која Вориорси имаа серија од 19:2 со што се одлепија на 87:64. Најдобар поединец во редовите на Голден Стејт беше Стеф Кари со 29 поени, Џордан Пул со 17 поени го надополни слабиот настап на Клеј Томпсон кој уфрли само 11 поени.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пул влезе и во историјата на НБА откако со 22 години стана најмладиот играч кој постигна барем пет тројки во еден финален натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…