ПСЖ е изгледа навистина спремен да го продаде Нејмар ова лето.
Нејмар во Пари Сен Жермен дојде од Барселона за 222 милиони евра во 2017 година, но Бразилецот не е среќен во Париз и не му требаше долго време за да се покае.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После големите проблеми со повредите, Нејмар се најде во скандалот со Најила, а имаше и други проблеми.
Очигледно дека ова не е негов најдобар период во животот.
Бразилскиот „Глобоеспорт“ пишува дека Нејмар има порачал на луѓето во раководството на ПСЖ дека сака да си замине. Барселона наводно исто така е спремна да го врати и сега според информациите се бара начинот на кој Каталонците ќе го платат Нејмар.
„Глобоеспорте“ наведува дека Барселона има идеја да плати 100 милиони евра и во Париз да испрати неколку играчи, а како опции за оваа зделка се Осман Дембеле, Самуел Умтити и Иван Ракитиќ.
За можноста Нејмар да се врати во Барселона се пишува веќе долго време, меѓутоа сега работата е посериозна, а тоа можеби го докажува и последната изјава на Ал Келаифи.
„Не сакам веќе да се однесуваат како ѕвезди. Играчите мораат да превземат повеќе одговорност за разлика од порано. Се треба да биде потполно различно. Мора да се работи повеќе и понапорно… Не се овде дојдени за да уживаат. Ако не се служуваат со ова, вратата им е отворена. Не сакам да се однесуваат како ѕвезди“, гласеше изјавата на првиот човек на ПСЖ.