Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за напаѓачот на Шалке

Гигантите се „тепаат“ за напаѓачот на Шалке

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити се вклучил во траката по напаѓачот на Шалке, Брил Емболо.

На „Етихад“ веруваат дека овој 20-годишен напаѓач би можел да „експлодира“ на престојниот Мундијал во Русија, што би му ја кренало цената, па „граѓаните“ сакаат да го доведат во својот табор веднаш кога ќе започне преодниот рок.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, тоа нема да биде воопшто лесно бидејќи за Емболо се заинтересирани многу европски гиганти. Шалке минатото лето го донесе од Базел за 20 милиони фунти, па сигурно дека ќе бараат најмалку двојно за да го пуштат да замине.

Емболо е роден во Камерун, меѓутоа деството го помина во Базел, па Швајцарците не пропуштија шанса да натурализираат ваков бисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…