„Карамелите“ го официјализираа и седмото засилување ова лето.
Последниот ден од преодниот ро донесе и официјализирање на трансферот на Идрис Геј кој се врати во Евертон. Играчоте за врска го напушти ПСЖ и со поранешниот клуб потпиша договор до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенегалецот се врати на „Гудисон Парк“ каде што настапуваше од 2016 до 2019 година, во тој период одигра 108 натпревари и остави трага во клубот од синиот дел на Ливерпул.
„Нема поубаво чувство од тоа да се вратиш дома. Многу сум среќен што сум тука и што ќе можам да му помогнам на клубот. Ги познавам сите тука и навистина сум како дома. Го следев овој тим секоја недела, ниту во еден клуб не би се чувствувал подобро отколку во Евертон. Затоа и одлучив дома“, изјави Геј.
Во периодот помина во ПСЖ Геј освои две шампионски титули и четири Купа на Франција, додека во сезоната 2019/2020 малку фалеше да стигне до титулата во ЛШ, но беа запрени од Берн Минхен.