Виктор Осимен на крајот на сезоната би можел да го напушти Наполи и кариерата да ја продолжи во германски Баерн.
Германскиот новинар Флоријан Плетенберг објави дека 24-годишниот Нигериец сака да дојде во Баерн и дека челниците на гигантот од Минхен се воодушевени од него. Засега наводно треба и тренерот Тухел да го одобри трансферот, а потоа Баерн и Наполи да се договорат околу цената.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Осимен постигна 21 гол на 23 натпревари во Серија А со што е најдобар стрелец во првенството. Неговиот Наполи се наоѓа на лидерската позиција со 74 бода, 16 повеќе од второпласираниот Лацио. Осимен постигна вкупно 25 голови на 29 натпревари.
Во Наполи, Осимен пристигна во 2020 година од Лил за 75 милиони евра, неговиот договор има важност до 2025 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на вредност од 100 милиони евра.