Дома Фудбал Останато Гери Линкер по 600 гол на Меси: Тој е најдобриот голгетер, дриблер, асистент…

Гери Линкер по 600 гол на Меси: Тој е најдобриот голгетер, дриблер, асистент…

Барселона денес со погодокот на Лионел Меси стигна до победа против Атлетико Мадрид (1:0).

За Меси голот од слободен удар беше негов јубилејен 600 во кариерата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Навистина не е потребно да се трошат зборови на пофалби на сето она што Меси го направи бидејќи сите знаеме за каков „волшебник“ станува збор. Најдобриот опис на кариерата на Меси веројатно го даде англиската легенда Гери Линкер.

„Меси против Атлетико го постигна својот 600 погодок во кариерата и така ја обезбеди титулата на Барселона во шпанското првенство. Самата бројка од 600 погодоци е неверојатна и за еден фудбалер кој е само голгетер, но тој не е само тоа. Меси е најдобриот, дриблер, асистент и што уште не…Тој е најдобриот играч во историјата“, гласеше пораката на Линкер после 600 гол на Меси во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Адеми потпиша за Ујпешт

Арјан Адеми, некогашен член на македонската репрезентација, стана дел од унгарскиот прволи…