Дома Фудбал Останато Генијалецот без коса кој беше три чекори пред Перез – се направи „зидановски“!

Генијалецот без коса кој беше три чекори пред Перез – се направи „зидановски“!

„Ќе ми го продадете Роналдо? Добро, одам јас тогаш“. Така некако изгледал последниот разговор на Зинедин Зидан со управата на Реал Мадрид.

Новинарите на хрватски „Индекс“ по повод елиминацијата на Реал Мадрид, посветија текст за генијалецот без коса Зидан.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мудриот Французин изгледа го предвиде крајот на шампионскиот Реал Мадрид.

Под водство на Зидан Реал за две ипол години имаше 14 порази. Оваа сезона веќе има 13 порази.

Французинот беше фантастичен дриблер како играч, а исти таков се покажа дека е и како тренер. Знаеше дека мора да избега.

Сега на сите им е јасно што Зидан сакаше да каже.

Заминувањето на Зидан од клупата на Реал Мадрид прво изгледаше шокантно. Замина пет дена откако со Реал ја освои третата титула во низа во Лигата на шампионите.

„Овој тим треба да продолжи да победува, но мислам дека се потребни промени – нов глас, други методи, затоа ја носам оваа одлука“, изјави тогаш и продолжи:

„Вчера разговарав со претседателот и се обидов да му објаснам за што размислувам. Ова е малку чуден момент, но од друга страна важен и добар за сите нас. Го сакам овој клуб и претседателот кој ми даде прилика да играм, а потоа и да го водам клубот од моите соништа. Но работите се менуваат и затоа донесов одлука да заминам“, објасни Зидан додека Флорентино Перез кисело се насменуваше не насетувајќи дека генијалецот без коса е три чекори пред него. Сега сите сфатија што Зизу сакаше да каже.

Знаеше дека ќе остане без најдобриот играч, Кристиано Роналдо. Португалецот сам потврди дека порано ја донел одлуката да го напушти Реал, а бидејќи со Зидан имаше одличен однос (како и со поголемиот дел од тимот), не е тешко да се соберат два и два.

Ја потврди апокалипсата на Реал и ја заштити својата бесмртност.

Се повлече додека беше на врвот како легенда и човек чие име засекогаш ќе се споменува помеѓу навивачите.

Имено, доколку останеше тренер оваа сезона, веројатно би му се случувале слични работи како и на неговите наследници Јулиен Лопетеги и Сантијаго Солари. На крајот можеби и ќе беше прогласен за главен виновник за крајот на една шампионска генерација.

Зидан е тивок генијалец, го паметиме како човек кој исклучиво зборува со своите дела. Французинот добро знаеше што значи загубата на Роналдо и дека ако продолжи без него ќе дојде ден кога на сите ќе треба да им објаснува:

„Па ми го продадоа најдобриот играч, што да правам?“.

Перез тоа изгледа не го сфати или не сакаше да го сфати – Зидан повторно победи, Реал не.

Не сакаше тоа да си го направи на себеси, многу добро ги познавеше можностите на Реал. Некои можеби ќе го наречат кукавица, но на човек кој како неискусен пожарникар влезе во огнена стихија глупаво е било што да му се замерува.

Им донесе титула во Ла Лига и три во Лигата на шампионите. Потоа посака да го освежи тимот и со Роналдо како лидер да тргне во нови победи. Се обиде како што и самиот кажа да му објасни на бизнисменот Перез, но тој не го сфати. Желбите не му беа исполнети, па затоа и се повлече.

Токму како што изненадувачки го удри со глава Марко Матераци во берлинското финале помеѓу Италија и Франција во 2006 година – зидановски!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола претера – го спореди Родри со Мајкл Џордан!

Тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер сити Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим игра до…