Дома Топ вести Гвардиола тргнува по Дани Олмо

Гвардиола тргнува по Дани Олмо

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесува „Газета дело Спорт“.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола одлично ги познава квалитетите на 23-годишниот Шпанец уште од времето кога Олмо беше дел од школата на Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блеска оваа сезона, а покрај Сити интерес за него покажува и Барселона.

Финансиската ситуација на „граѓаните“ е многу подобра во споредба со таа на Каталонците, па веќе спремија понуда од 50 милиони евра за потписот на Олмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…