Грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, па Пеп Гвардиола и сака да го доведе во Манчестер Сити.
Кварацхелија веќе на првите натпревари во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а сега неговата цена вртоглаво порасна.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и е спремен да понуди 75 милиони евра за неговиот потпис.
Наполи тешко дека ќе може да ја одбие оваа понуда, но сигурно нема да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната.