Дома Трансфер зона Гвардиола сака уште еден скапоцен дефанзивец: Нова мета пронајде во Интер

Гвардиола сака уште еден скапоцен дефанзивец: Нова мета пронајде во Интер

Eден од најдобрите потези на Интер во последните неколку години беше доведувањето на Милан Скриниар од Сампдорија во летото 2017 година.

Скриниар во Интер стана исклучително ценет ширум Европа и е важен дел од плановите на Конте за „новиот Интер“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кон крајот на минатата сезона тој потпиша нов договор со Интер кој има важност до 2023 година, но можеби тоа нема да биде доволно Словакот да се задржи на „Меаца“.

Наводно Манчестер Сити ова лето се обидел да го доведе Скриниар. „Граѓаните“ не успеале, меѓутоа „Калчомеркато“ тврди дека во зимскиот преоден рок Сити ќе се врати со нова понуда.

Пеп Гвардиола силно сака да го види Скиниар во одбраната на Сити, па ќе биде интересно да се види дали Интер во јануари ќе одолее на евентуалната понуда на „граѓаните“.

Инаку, Сити на почетокот на оваа сезона има проблем во одбраната затоа што се повреди Емерик Лапорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…