Дома Фудбал Англија Гвардиола: Приоритет е двомечот со Ливерпул, дербито со Јунајтед во втор план

Гвардиола: Приоритет е двомечот со Ливерпул, дербито со Јунајтед во втор план

Тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола ќе ги одмори главните играчи во саботното дерби со Јунајтед.

Манчестер Сити веќе ја имаат обезбедено титулата во англиската Премиер лига, но приоритет на тимот од синиот дел на Манчестер е двомечот со Ливерпул во рамки на Лигата на шампионите во четвртфиналната фаза.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Се разбира дека сакам да славам на домашен терен против Јунајтед, но предвид треба да ги земеме трите дена подоцна кога играме против Ливерпул. Од друга страна, самиот меч со Јунајтед е само три дена пред првиот дуел во ЛШ, па оттаму ќе имаме многу малку време за обновување“, истакна каталонскиот стратег.

Гвардиола истакна дека сепак играчите кои не добиваат толку минути низ сезоната, исклучително имаат мотив да слават против градскиот ривал.

„Секој фудбалер придонесува со својата игра, затоа сега и се наоѓаме на оваа позиција. Иако ми е жал, како менаџер морам да истакнам дека целото внимание ни е насочено кон дуелите во ЛШ“, заклучи Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…