Манчестер Сити полека ја губи трката за шампионската титула, откако попладнево одигра само 2:2 на гостувањето кај Њукасл.
После ова реми Ливерпул може да замине на 11 бода предност во однос на „граѓаните“, а Гвардиола после мечот не го криеше разочарувањето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Игравме добро, напаѓавме добро, Кевин постигна фантастичен гол, а потоа примивме гол од слободен удар кој не смеевме да го дозволиме“, истакна Гвардиола.
„Имавме неколку шанси, го контролиравме мечот. Њукасл имаше само два шута на голот, а примивме два гола. Знаеме дека сега ситуацијата е тешка, но мораме да го прифатиме тоа. Мораме да учиме од грешката и да работиме уште повеќе“, заклучи каталонскиот стратег.