Манчестер Сити е пред пласман во финалето на Лига Купот, но Пеп Гвардиола не е премногу заинтересиран за натпреварувањето.
„Граѓаните“ само треба рутински да го одработат вториот полуфинален натпревар против Манчестер Јунајтед, затоа што првиот го добија со 3:1 на „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Гвардиола смета дека тоа натпреварување треба да се укине, бидејќи нема никаква логика да се игра ФА Купот и Лига Купот.
„Укинете го тоа натпреварување. Тоа значи дека ќе има помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку екипи, поголем квалитет и помалку квантитет. Луѓето можат да живеат малку без фудбал. Ја започнувате сезоната со еден натпревар со еден меч неделно, а наеднаш доаѓа темпото на два или три натпревари за седум дена и трае премногу. Играчите не можат да издржат толку многу. Најдобро би било да не се игра Лига купот повеќе“, истакна Гвардиола.