После Гундоган и Сане, Гвардиола ова лето сака да донесе уште еден германски репрезентативец на „Етихад“.
Новинарот Хосе Алварез Хаја, кој секогаш е добро информиран за случувањата на „Етихад“, тврди дека главната мета на Гвардиола е играчот за врска на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Сити одлично игра оваа сезона и е на прагот на освојување на Премиер лигата, сепак Гвардиола веќе размислува да го засили тимот за следната сезона.
Вајгл веќе три сезони е член на Борусија Дортмунд, одигра преку 120 натпревари и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Бундес лигата, Притоа, во меѓувреме и дебитираше за германската репрезентација.
Јоаким Лев не го повика за Купот на конфедерации, а со оглед на фактот дека нема настап за репрезентацијата во последната година, мали се шансите да настапи на Мундијалот.
Сепак, според информациите на еминентниот новинар, Вајгл би можел ова лето да се пресели во Премиер лигата.
BREAKING: Julian Weigl, defensive migfielder of Borussia Dortmund, is the main target of Manchester City for summer. The German player wants to sign for the team too. There are a lot of chances that this will be done. @elchiringuitotv @chirichampions
— Jose Alvarez Haya (@10JoseAlvarez) March 30, 2018