Во последните шест натпревари Манчестер сити славеше само двапати, а тренерот Пеп Гвардиола се соочува и со други проблеми.
Англискиот шампион остана без услугите на Ерлинг Халанд кој се повреди, па Гвардиола нема да може да смета на него против Кристал Палас.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Не верувам дека ќе игра против Палас, освен ако не ме изненади. Тој денеска дојде во тренинг центарот, ќе биде прегледан, па ќе видиме каква е ситуацијата. Имаше терапија, треба да патува со нас во Арабија, но ќе видиме дали ќе го игра на првиот или вториот натпревар“, изјави Гвардиола.