Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола отворено: Не сум најдобар само имав среќа да ги тренирам Меси, Чави и Иниеста

Гвардиола отворено: Не сум најдобар само имав среќа да ги тренирам Меси, Чави и Иниеста

guardiola

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред утрешното гостување во Гелзенкирхен кај Шалке отворено разговараше на разни теми.

Формалност, не драма. Такви очекувања има фудбалскиот свет од двомечот помеѓу Шалке и Манчестер Сити во осминафиналето. Пеп Гвардиола секако е претпазлив, а изгледа дека и тој е свесен колкав фаворит е неговиот тим, па пред гостувањето во Гелзенкирхен најмалку зборуваше за ривалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не зборуваше за Шалке, но зборуваше за некои други работи кои се интересни за јавноста.

Така дочекавме и да го слушнеме и неговото мислење за расправата која се води во последните години поради неговите генијални идеи – дали Пеп Гвардиола навистина е најголемиот тренер или само имаше среќа да работи со најголемите фудбалери?

Или ако сакате да бидеме повеќе прецизни дали можеме да го сметаме Гвардиола за најголем во историјата ако знаеме дека Лигата на шампионите ја освојуваше само додека во својот тим ги имаше: Лионел Меси, Чави и Андрес Иниеста?

Пеп даде директен одговор без размислување.

„Апсолутно се сложувам со оние кои мислат дека имав среќа. Нема да потрошам ниту секунда на било каква расправа. Имав среќа“, призна Гвардиола.

Овој одговор на Гвардиола секако ќе ги израдува бројните приврзаници и фанови на Жозе Мурињо кои тврдат дека Португалецот е подобар стратег токму поради тоа што ја освојувал Лигата на шампионите со различни клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…