Англиските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер мета на Пеп Гвардиола е левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба за кого е спремен да издвои 45 милиони евра.
Раководството на „граѓаните“ веќе стапило во контакт со управата на Баерн Минхен и сакаат да започант преговори за да го комплетираат трансферот во јануари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Гвардиола веќе го известил раководството дека му се потребни засилувања на двете бековски позиции и дека по секоја цена сака да го види Алаба на „Етихад“.
Алаба беше миленик на Пеп кога соработуваа заедно во Баерн Минхен, најмногу поради фактот што е поливалентен играч кое може да игра на повеќе позиции.
Сепак, тешко е да се поверува дека Баерн ќе прифати продажба на својата ѕвезда, особено не на средината од сезоната.