Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во изјава за „ESPN“ не сакаше премногу да ги коментира квалитетите на Ерлинг Халанд, но и тоа малку што го кажа доволно зборува колку Халанд е добар оваа сезона.
„Јас сум Каталонец, па мојот англиски не е доволно добар за да опишам колку е добар Халанд“, изјави Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Халанд постигна 17 гола на 11 натпревари во Премиер лигата. Сезонава постигна 22 голови на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Во саботата Манчестер Сити го победи Брајтон со 3:1 во 13. коло од Премиер лигата, а норвешкиот напаѓач постигна два гола на овој натпревар.
„Веќе можам да зборувам за тоа, бидејќи беше еден од најтешките натпревари. Не сме навикнати на таква игра – речиси и да немаше простор. Многу ни е драго што ги освоивме бодовите, бидејќи играта беше многу тешка. Знам колку беше тешко, но сепак успеавме. Играта на Ерлинг ни помогна да победиме, бидејќи нивото на кое игра и неговите амбиции се неверојатни“, изјави Гвардиола.